+389 71 235 173 | +389 2 3 215 902
info@bms.com.mk

Балкан Метеринг Солутионс

Kомпанија основана во 2015 година чија мисија и цел е задоволување на бизнис заедниците во Република Македонија и околните држави, во областа на легалната метрологија, транспортот на нафтените деривати и/или гас почнувајќи од терминалите за полнење на цистерни (камионски и вагонски), транспортерските компании како и крајните корисници на дериватот. Исто така со својата експертиза БМС придонесе кон зголемување на безбедноста на превезуваната стока во различни типови на транспорт, вклучувајќи ги автоцистерните, автобусите, шлепери, комбиња, автомобили итн. Искуството со кое располагаат членовите на БМС е стекнато низ многу години соочувајќи се со секаков вид на проблеми (дефекти, амортизација, административна припрема итн.) и соработувајќи со многу експерти од регионот, но и од цела Европа. Начинот на работа кој тимот на БМС го применувал уште пред самото основање овозможил да БМС стане официјален партнер и ексклузивен претставник на француската компанија АЛМА уште од самиот почеток, а веќе и подолг период на полската компанија Petroster Serwis.

 

 
Основана во 1980 година, АЛМА е водечката Француска компанија во полето на опрема за мерење на проток на гориво при превоз со цистерна, автоматски системи, легално метролошко мерење и станици за товарање на цистерни. Поврзувајќи ги знаењата од Легалната Метрологија, сензорите за мерење, метролошкото инжинерство, автоматска и индустриска обработка на податоци, АЛМА ги нуди експертските одговори на вашите проекти. АЛМА брои повеќе од 240 директно вработени лица и е раширена низ целата планета, со безброј партнери.
Petroster-Serwis На европскиот пазар сe присутни дваесет години, поддржувајќи ги клиентите со нивното огромно искуство и експертиза за да обезбеди континуирано и непречено работење на гасните станици со течни горива, односно целосен надзор и автоматско работење на сите надземни и подземни резервоари.
homephoneenvelopelocation-arrow linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram